Двајца презентери на американската мрежа на шпански јазик „Телемундо“ суспендирани се откако направиле расистички гестови додека ја прославувале победата на Јужна Кореја над Германија на Светското првенство во фудбал.
Побетада овозможила Мексико да оди понатаму во натпреварувањата, пренесува ВВС.
За време на славеничките моменти на сетот двајцат апрезентери со рацете направиле коси очи.
Истото тоа го направија и неколку месикански фанови на Твитер во намера да се заблагодарат на Јужна Кореја.
Веќе 22 години оваа кинеска водителка изгледа исто (ФОТО+ВИДЕО)
Loading...
На социјалните мрежи дојде до осуди за ваквиот чекор како расистички и голем број Мексиканци подоцна се извинија.
„Телемунго“, која е дел од NBC, издаде соопштение во кое се наведува дека се исклучително разочарани од двајцата презентери Џејмс Тахан и Џенис Бенкосме.
Тие соопштија дека своите двајца презентери ги суспендираат на неопределено време.
Тахан се извини преку Твитер, каде напша дека направил бесчуствителен гест кон азиската заедница.