Фејсбук со нова опција за корисниците

Сподели со своите пријатели

Компанијата Фејсбук моментално тестира нова опција која на корисниците ќе им помогне од почетната страница да ги отстранат информациите кои не сакаат да ги примаат.

Било да скаате да се поштедите од коментарите за новата епизода од омилената серија која се уште не сте ја гледале, или пак да се изолирате од новости поврзани со животот на поранешното момче, Фејсбук сега има решение, пишува „Њуз хаб“.

Според блог постот на менаџерката на Фејсбук за њуз вид Шурти Мураледаран, во прашање е опцијата „Keyword Snooze“ (криење со помош на клучни зборови).

3 магични љубовни ритуали: Еве што треба да направите за да ја привлечете сродната душа

Loading...

Функционира така што ќе го внесете зборот или фразата која не сакате да ја гледате на почетната страница и содржината поврзана со неа нема да се појавува, било да е тоа поврзано со луѓе, страници или групи. На овој начин несаканите информации ќе можете да ги сокриете на 30 дена.

– Се надеваме дека со помош на овие опции ќе успеете да ја прилагодите почетната страница на своите навики и дека ќе можете да минувате повеќе време фокусирајќи се на работите кои ви се важни, вели Мураледаран.

Оваа опција ќе биде лоцирана во горниот десен агол на њуз фидот. Ова е најновата опција на Фејсбук, а слични опции, кои веќе постојат, пружаат можност корисникот да сокрие објави од конктрени луѓе, да ги види први на почетната страница или да престане да ги следи.

Од компанијата нагласуваат дека „Keyword Snooze“ нема да овозможи блокирање на рекламите.

Leave a Reply