Централна водоводна цевка на улицата „Јупко Арсов“, зад кумановската Гимназија, вчера пукнала при што нанела значителна материјална штета на еден станбен објект, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Кај нив случајот бил пријавен вчера во 06:45 часот, по што тие веднаш го известиле Јавното претпријатие „Водовод“. Со струна помош и моторни возила веднаш реагирале вработените во претпријатието, но сепак како што додаваат од РЦУК веќе била направена поголема материјална штета на приземје од индивидуален станбен објект.
– Екипите од ЈП „Водовод“ се до попладневните часови вршеа интервенција и чистење, како и санирање на одводните цевки и отстранување на дефектот, откопување и замена на азбесните цевки, велат од РЦУК.