Цената на електричната енергија за крајните корисници од денес се намалува за 0,33 проценти.
Loading...
Регулаторната комисија за енергетика, на одржаната подготвителна седница ги разгледа извештаите од енергетските компании и одлучи цената на струјата да се намали за 0.33 проценти.
Претседателот на Регулаторната комисија Димитар Петров, на вчерашната прес-конференција истакна дека намалувањето се должи на намалените трошоци и на намалените приходи на компаниите.
Најголемо учество во крајната цена ќе има ЕЛЕМ 50,6 проценти, ЕВН 44,16 и МЕПСО 5,24 проценти.
Сметките со новата намалена цена на струјата, граѓаните ќе ги добијат во август.