На спортските терени на локалитетот ”Соколана”, вчера заврши петнаесетото издание на турнирот во мал фудбал ”Видовдан 2015”.
[huge_it_gallery id=”90″]
И ова година се пријавија 16 екипи поделени во четири групи, а целта ни беше да се дружиме, и низ спортска манифестација, да го прославиме најголемиот празник на Србите, празникот Видовдан, вели Горан Зафировиќ, претседател на регионалната канцеларија на Српската заедница во Македонија од Куманово.
Екипит на Форшпед и Здравје Радово, вчера се бореа за пласман за трето место, при што со резултат 4:2 за Форшпед, екипата заврши како третопласирана, соопшти Зафировиќ.
Во фер и спортска борба, победник на турнирот за ова година е екипата на ”Босс – М” кои го совладаа тимот на Хотел Хармонија.
Пред самото финале, се одигра и ревијален натпревар помеѓу ветераните на ФК Вардар и ветераните на Српската заедница, при што екипата на Вардар покажа дека нивните играчи се сепак подобри, победувајќи со резултат 3:2.
За најдобрите три екипи беа доделени пехари и медали, но и пехари и пригодни награди за најдобриот играч, стрелец и голман.