Промоција на „Мини прирачник за поезија“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во вторник, 13. февруари, 18 часот во просториите на библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово ќе се одржи поетско дружење со поетесата и слемерка Елена Пренџова по повод објавувањето на книгата есеи „Мини прирачник за поезија“.

„Мини прирачник за поезија“ е седма по ред книга на Пренџова и прва книга есеи по претходно објавените збирки поезија. За неа поетесата изјавува: „Ова е моја прва објавена книга која не е збирка поезија. Сепак, врската со поезијата е очигледна, затоа што оваа книга претставува збирка размисли и ставови за поезијата и актуелната поетска сцена. Чувствувам дека една ваква збирка си должев себеси по многуте експериментирања и истражувања во различните поетски стилови“. Книгата содржи десет есеи обајвени во периодиката, презентирани на поетски средби и фестивали, но и претходно необјавени текстови.

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

 

Воведна реч за делата на Пренџова ќе има поетесата Оливера Доцевска, која воедно ќе биде и модераторка на вечерта. Доцевска и Пренџова соработуваа како уреднички на Инклузивната антологија на современи македонски поетеси „Ова е моето последно молчење“ што излезе од печат во 2016 година во издание на издавачката куќа „Антолог“.

Елена Пренџова (1985) е магистерка по филолошки науки и дипломирана професорка по англиски јазик и книжевност. Уредничка е на книжевното списание „Современост“ и организаторка на слем-настани низ Македонија. Авторка е на шест збирки поезија: „Љубољубна“ (2014), за која ја доби наградата „Караманов 2014“; „Политички коректна поезија“ (2014) за која годинава ја доби наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од авторка-членка на ДПМ; „Живот под ѕвездите“ (2013) за која ја доби наградата „Македонска книжевна авангарда“, а истата книга е преведена и објавена на хрватски јазик, како резултат на наградата Најдобар поет на Првите регионални поетски средби во дистрикт Брчко; „Пораки од морето“ (2011) за која е добитничка на наградата „Бели мугри“; „Таа“ (2009) и „Јас“ (2006).

Leave a Reply