Со почеток во 18 часот кошаркарите на Куманово денеска му гостуваат на минатогодишниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во рамките на 16 коло од Првата кошаркарска лига на Македонија.
Ова е последен натпревар за овој месец, бидејќи во меѓувреме ќе се одиграат натпреварите во Купот кој годинава ќе се одржи во Кавадарци, а кумановци ќе играат против Гостивар во првата фаза.
Тука е и репрезентативниот натпревар за квалификации на Евробаскет 2021, по што натпреварите во домашната лига продолжуваат на 3. март кога Куманово му гостува на Фени Индустри.