Најмалку 16 лица загинале во воздушните напади во Источна Гута близу Дамаск, ден по ударите на владините и руските сили врз областа која ја контролираат бунтовници.
Сириската опозициска Опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека руските и сириски сили утринава гаѓале најмалку пет населени места во регионот Источна Гута.
Опсерваторијата навела дека загинале 16 лица, додека активистите од медиа центарот на Гута наведуваат дека страдале 17 лица. Двете организации истакнале дека очекуваат билансот на жртви да се зголемува.
Сириската спасувачка организација Цивилна одбрана, која делува во областите кои се под контрола на опозицијата, навела дека денешниот ден во Источна Гута е уште еден кравав ден за цивилите.