Кошаркарскиот клуб Гостивар ќе биде противник на Куманово во рамките на кошаркарскиот Куп на Македонија кој и оваа година ќе се игра во Спортската сала Јасмин во Кавадарци од 16. до 18. февруари.
Првите осум екипи од Првата лига по првата полусезона, односно заклучно 11. коло, ќе бидат дел од оваа кошаркарско натпреварување. Првопласираната екипа ќе игра против последно пласираната, односно Работнички ќе игра против Карпош Соколи, Куманово – Гостивар, Блокотехна – АВ Охрид и МЗТ Скопје Аеродром игра против Фени Индустри.
Во втората фаза ќе играат победниците од првите, што значи дека доколку КК Куманово го совлада КК Гостивар, за противник во втората полуфинална вечер најверојатно ќе го има незапирливиот Работнички, кој со оглед дека игра со Карпош Соколи лесно ќе извојува победа.