Андреа Бачиќ од Мостар е во борба за титулата најубава девојка во Босна и Херцеговина.

Таа се натрпеварува за изборот на Miss Earth BiH, а победичката на овој избор ќе ја претставува Босна и Херцеговина на Филипините на изборот на Мис на светот.

Андреа има 21 година и студира односи со јавност на филозофскиот факултет во Мостар.

Оваа убавица веќе има завидна кариера вос ветот на моделингот и неодамна потпишала договор да стане заштитно лице на најдобрата модна куќа во Европа, словенечката „Lisca“.

Многумина и предвидуваат блескава кариера и во нарединиот период оваа млада мостарка ќе сними два едиторијали за познати светски модни списанија, а исто така е во преговори со уште еден од напрестижните светски брендови.


