Турција ќе ја исчисти целата своја граница со Сирија од терористите, изјави претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган.
Како наведува Ројтерс, со тоа Ердоган официјално означил дека деветдневната турска офанзива во сирискиот регион Африн може да биде продолжена.
Зобрувајќи на конгресот на својата партија Правда и развој (АК) во јужната провинција Амасја, Ердоган рекол дека Турција ќе се погрижи сириските бегалци кои моментално ги вдомува, да можат да се вратат во своите куќи откако границата ќе биде исчистена од екстремистите.