Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе и се спротивстави на Европската унија, како што вели, поради нечесните трговски политики кон САД.
Трамп бара построго спроведување на трговските регулативи и минатата недела потпиша закон за царини од 30 отсто на соларните панели, што е прва од повеќето најавени трговски рестрикции.
– Имам многу проблеми со ЕУ и тоа може да произлезе во нешто многу поголемо, гледано од аголот на трговијата. Не можеме да ги протуркаме своите производи и тоа е многу тешко. Тие сепак испраќаат свои производи, без данок или со многу малку данок. Тоа е многу некоректно, рекол Трамп за британски ITV.