Wi-Fi Алијансата, конзорциум на технолошки гиганти, вклучувајќи ги компаниите Apple, Microsoft, Cisco, Intel и други, најавија дека годинава ќе претстават нова генерација Wi-Fi безбедност под името WPA3.
WPA3 е енкрипциски протокот кој ќе биде полесен за кроистење и ќе донесе поголема безбедност.
Loading...
Моменталниот Wi-Fi стандард, WPA2, постои веќе 15 години. Отктиравање на ранливост во октомври минатата година покажа колку Wi-Fi рутерите се подложни на хакирање и беше јасно дека е крајно време за нешто ново, пишува „NBC News“.
Алијансата не открива премногу детали за новиот протокол, туку дека ќе бида тпојаснети во јавен документ кој ќе се појави годинава. Она што засега се знае дека WPA3 штити од Krack ранливост по „дифолт“, како и дека ќе биде поедноставен за подесување и користење на уредите без екрани, како што се паметните часовници, термостати и фрижидери.
Протоколот ќе ги штити и оние кои че изберат поедноставна лозинка за својот Wi-Fi рутер.
Кога Wi-Fi Алијансата ќе го објави новиот енкрипциски протокот, т.н. „dictionary“ нападите, кои се обидуваат да ја погодат лозинката така што внесуваат различни зборови одново и одново, поеќе нема да функционираат.
Исто така, на хакерите ќе им биде многу потешко да ги прислушуваат уредите кои се поврзуваат на јавни Wi-Fi хотспотови.
За жал, моменталниот WPA2 стандард нема веднаш да замине во минатото, затоа што за функционирање на новиот ќе биде потребен нов хардвер и софтвер, што значи дека технолошката индустрија ќе има потреба од време да се прилагоди за да тој би можел да започне масовно да се користи.