Двајца кумановци “посредувале” за азил во Германија

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.К. (48) и Ф.М. (32) двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на безвизен режим со државите членки на ЕУ и на Шенгенскиот договор“.

Loading...

Пријавените иако знаеле дека И.С.(24) и Е.М.(24) двајцата од Куманово ќе бараат азил во Р Германија на 01.06.2015 година со патничко возило „Опел“ преку ГП Табановце првопријавениот ги превезол во Р Србија при што ги оставил на безнинска пумпа на автопат Бујановац, каде со друго патничко возило второпријавениот ги презел и однел во Р. Германија.

Откако лицата се пријавиле во Прифатниот камп во Р. Германија како баратели на азил барањето им било одбиено, а подоцна биле депортирани во Р. Македонија.