Американската пејачка Бијонсе годинава се најде на првото место на листата на „Форбс“ за најплатените жени во музиката, откако нејзината заработуавчка пред оданочувањето достигнала вртоглави 105 милиони долари.
За тоа допринесува и нејзиниот глобален успех на албумот „Lemonade“ кој одлично е прифатен и од публиката и од критиката, а на пејачката и го донесе првото место на листите по шести пат. Исто така, нејзината светска турнеја досега и донесе заработувачка од четврт милијарда долари.
Адел, која во февруари доби Греми награда за албум на годината е на второто место на листата најплатени жени со заработка од 69 милиони долари.
Тејлор Свифт е трета со 44 милиони, додека со два милиони помалку четвротот место и припаѓа на Селин Дион.
Џенифер Лопез заработила 38 милиони долари, па следува ветеранката ДОли Партон со 37 милиони, па со 30 милиони долари заработка зад нив е и Барбара Стрејсенд.
Иако заработија двоцифрен број милиони, тоа не гарантираше позиции на листата за Мадона, Лејди Гага, Селена Гомез и Аријана Гранде.