Сообраќајот низ државата пo влажни коловози

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците, како што соопшти, можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е намален, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Извор: МИА

Loading...