Стевиа – билка која сигурно ќе ве откаже од никотинска зависност

Сподели со своите пријатели

Листот од билката Стевиа се користел пред стотици години како засладувач во храната на индијанските племиња Гуарани од Парагвај, Боливија и Бразил.

Loading...

Сортата Stevia rebaudiana, позната и како sweetleaf, sugar leaf или само стевија, се одгледува заради нејзините слатки листови. При процес на екстракција на нејзините листови и плодови се добива сладило коешто низ маркетите може да го најдете во неколку форми – како течност, во форма на прашок, во шеќерни ќесички или во вид на мали таблетки.

Прашокот кој што се добива со екстракција на листовите на оваа билка е 200 до 300 пати посладок од шеќерот, а самиот лист на стевијата е поблаг за 35 до 45 пати во споредба со шеќерот.

Една од најзначајните и најпозитивните карактеристики на стевијата е тоа што таа нема енергетска вредност, такашто не поттикнува инсулински одговор. Токму поради тоа, слободно може да ја користат лица коишто се трудат да го намалат внесот на шеќери, лица коишто боледуваат од Дијабет тип 2, како и децата, бидејќи не претставува добра подлога за ширење на бактериите и ги штити забите од кариес.

При испитување направено од страна на Светската здравствена организација во 2006 година, се дошло до заклучок дека стевиозидите и ребаузидот А, содржани во листот на стевијата, немаат никакво генотоксично ни канцерогено влијание врз човекот. Истото испитување покажало дека стевијата ги намалува негативните последици по здравјето кај лицата кои боледуваат од Дијабет Тип 2 и кај оние со висок крвен притисок.

Стевијата позитивно влијае и врз:

  • Регулирање на нивото на глукоза во крвта (слатките состојки на стевијата се гликозидите, а не јаглехидратите)
  • Намалување на телесната тежина
  • Намалување на чувството на мачнина
  • Ублажување на проблемите со желудникот
  • Поттикнување на варењето на храната
  • Побрзо заздравување на рани

Ако сакате да ги оставите цигарите, оваа билка ќе ви биде најдобар сојузник, а покрај тоа, нема да се здебелите, бидејќи таа помага и против дебелеење.

Loading...

Чест проблем кај пушачите е тоа што сакаат да ги остават цигарите, но се плашат дека ќе се здебелат. Но, нема потреба за грижи. Со оваа билка слободно можете да престанете да пушите, без страв дека ќе се здебелите.