Природните својства на целерот го помагаат регулирањето на шеќерот

Сподели со своите пријатели

Целерот е од огромна полза за човечкиот организам. Тој има особина да го прочистува организмот од токсините, па заради своите анти токсични својства одличен е за „пролетно“ чистење на организмот, после зимските денови.

Кога сме кај тоа, само да ви кажам дека во Јапонија практикуваат еден ден во неделата да се јаде само целер во секаква форма. На тој начин, Јапонците си го прочистуваат организмот. Па зошто и ние тоа да не го правиме?

Целерот, не само што ги отстранува отровите од телото, туку помага во регулација на крвниот притисок, делува поволно при заболувања на црниот дроб и жолчка, а помага во регулирањето на шеќерот во крвта, поради што им се препорачува на дијабетичарите.

Само две стебленца од целер содржи 15% од дневната потреба на организмот од витамините А и С. Освен тоа, целерот е малку калоричен продукт, 2 лажици целер има 2,7 калории.

Целерот е богат и со прехранбени влакна, па токму затоа и помага за намалување на гасовите во стомакот и отстранување на токсините од организмот.