Шпанските власти соопштуваат дека шест лица се здобиле со повреди при трка со бикови на фестивалот Сан Фермин во Памплона, но дека никој не е во животно загрозувачка состојба.
Лекар од локалната болница изјавил дека пет лица се здобиле со контузии, а една со повреда на главата.
Од минатиот петок, кога започнал фестифалот, повредени се десетици луѓе, а тие повредите ги здобиле кога паднале или кога биле прегазени од биковите.
Во традиционална трка со бикови, стотици луѓе ја тестираат храброста и брзината, бегајќи пред шест бикови, а целта е да останат неповредени.
Loading...