Вупно 204 граѓани на Куманово кои во изминатите две и пол години останале без правото за социјална парична помош поради тоа што преку брз трансфер на пари добиле поголем износ, од денес повторно ќе може да аплицираат во Центрите за социјални работи.
Како што потенцираше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во јануари 2015 година законски било одредено оној кој преку брз трансфер на пари ќе има прилив на средства поголем од 50.000 денари да го изгуби правото на социјална парична помош. Само еден месец подоцна таа сума била покачена на 70.000 денари.
Според Царовска, таквото кршење на правото за социјална парична помош било без основа.
Се ова е направено без законски основ, поради тоа што парите примени преку брз трансфер не се приходи на едно семејство, затоа што ниту се даночат ниту се препишуваат во Управата за јавни приходи. Затоа со последната измена на правилникот се ослободуваат граѓаните од парите што ги примиле преку брз трансфер да не им се пресметуваат како приходи во нивното семејство, поради тоа што често тие приходи не се од членови од семејството кои што има обрска по закон да ги издржува. Освен тоа што овие граѓани беа блокирани во изминатиот период и не можеа да пристапат до правата ние денеска ги известуваме сите граѓани и Центрите за социјална работа дека рампата за влез на 910 граѓани поранешни приматели на парична помош кои што биле ограничени да влезат вo системот за социјална заштита заради примени пари по брз трансфер денеска може да си го побараат истото право и да си остварат повторно социјална парична помош сите оние кои во изминатиот период не потпишале спогодба со Центрите за социјална работа – изјави министекрата Царовска.
Вкупно 910 граѓани го изгубиле оваа право на ниво на државата, а министерката денеска ги повика повторно да аплицираат.
Нека се обратат и нека ги остварат своите права поради тоа што ние како Влада се обврзавме ќе работиме во интерес на граѓаните, а дупло казнување на граѓани кои се материјално необезбедени е навистина нефер и противуставно затоа што вие ги казнувате од тоа што ги исклучувате од систем и барате да ги вратат финансиските средства. За враќање на финансиски средства ќе утврди судот додека ние како социјална држава и социјален систем ги враќаме повторно да може да ги остварат законски гарантираното право на социјална парична помош – додаде Царовска.
Најголемиот дел од оштетените граѓани се од подрачјето на Општина Куманово.