Виена го добива првиот автобус без возач

Сподели со своите пријатели

Исражувачкиот проект за изработка на самоуправувачки автобус се финансира со средства од Министерството за сообраќај на Австрија. Автономното возење е голем тренд кој има потенцијал да ги промени градовите.

На тој проект работат заедно „Wiener Linien”, „AIT Austrian Institute of Technology“, „KFV“, „TÜV Austria“ i „SIEMENS AG Austria“ и францускиот произведувач на авобуси „NAVYA“.

Целта на проектот е зголемување на ефикасноста и безбедноста на автономните возила за да се покрене автобуска линија во езерскиот град по реални услови од автобуски станици, план за возење и реални путници.

Првиот автоматски автобус нуди место за 11 патници, а го покренува електромотор. Проектот започнува оваа лето.

 

Loading...