Сончево и топло со мала до умерена локална облачност предвидуваат метеролозите на УХМР. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемена облачност и можна е појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени.
До деновите до среда, во попладневните часови ќе е можна изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи почесто во западните и јужните делови од земјата.
Во четврток и петок, претежно во попладневните часови, ќе преовладува нестабилно време проследено со пороен дожд засилен северозападен ветер и грмежи.