Луковиќ по првиот загубен меч се заблагодари на кумановската публика

Сподели со своите пријатели

На првото од трите натпреварувања за трофеј во домашното кошаркарско првенство, кошаркарите на МЗТ Скопје поведоа во финалната серија, откако во првиот меч славеа над Куманово со 94:79 (30-19, 22-11, 23-21, 19-18).

Loading...

Играчите на актуелниот шампион во текот на сите 40 минути го контролираа натпреварот, на стартот од второто полувреме имаа предност од 21 поени, а на моменти во првата и последната четвртина и предност од 17 поени.

Стефан Синовец со 25 поени беше најефикасен играч на мечот, а покрај него кај МЗТ се истакна репрезентативецот Предраг Самарџиски со 15 поени и 14 скокови, додека Куманово го предводеше Александар Костовски со 20 поени.

Вториот меч ќе се одигра в недела во Куманово, а титулата ќе ја освои екипата која прва ќе стигне до три победи.

Урош Луковиќ, кошаркар на КК Куманово, по завршувањето на првата средба, на својот Фејсбук профил и се заблагодари на кумановската публика која вечерва во голем број замина за Скопје, каде во СЦ ”Јане Сандански'” го бодреше својот тим, кој после 13 години повторно игра во финале на кошаркарското првенство.

Фото: Екипа.мк

Leave a Reply