Веќе со децении тој е еден од најбогатите луѓе во светот, а 17 години е најбогатиот поединец на планетата и човек би помислил дека знаеме се` што е можно да се знае за Бил Гејтс.
Додека Стив Џобс добива филмови во кои е прикажан како понекогаш несфатен гениј, основачот на Мајкрософт сепак се држи подалеку од очите на јавноста. Порталот „Grunge“ собрал некои факти за мултимилијардерот кои го покажуваат неговото друго лице.
Факултетот бил многу потежок отколку што очекувал
Гејтс од мали нозе покажувал дека е попаметен од „обичните смртници“. Училиштето му бил најмалиот проблем во животот, а со одличните оцени ги импресионирал сите околу себе. Тој очекувал дека така ќе му биде и на Харвард, но се излажал. На првиот колегиум за теоретска математика заработил четворка и одлучил да се префрли на применета математика.
Пред основањето на Мајкрософт имал промашувања
Подоцнежниот ко-сопственик на Мајкрософт Пол Ален го познава Гејтс уште од средно училиште. Еден лет додека Ален бил за празниците на факултет, а Гејтс го завршувал средното училиште, започнале заедничка работа. Тие направиле мал компјутер за мерење на сообраќајот. После шест години и неколку илјади долари загуба, тие двајца се откажале од оваа работа и се посветиле на поважни работи.
Гејтс бил уапсен
Во далечната 1977 година, Гејтс бил уапсен во сојузната држава Њу Мексико поради сообраќаен прекршок. Никаде не е забележано зошто точно бил приведен, а ниту самиот Гејтс не зборувал премногу за тоа. Некаде можат да се најдат информации дека Гејтс бил уапсен поради пребрзо возење, но тој вели дека воопшто не се сеќава зошто бил уапсен.
„Никој не се збогатил од програмирање“
На крајот од седумдесеттите години од минатиот век, Гејтс водел остра борба против илегалното копирање на програмите. Тој бил уверен дека аматерскиот пристап на споделување на сопствената работа, каков што имале поранешните програмери, нема да резултира со развој на програмирањето затоа што сите само ќе ги крадат туѓите работи, а во 1980 година рекол: „Не сум слушнал за некого кој се збогатил од пишување програми.“ Тој самиот подоцна стекнал огромно богатство поради програмирањето.
Голем добродетел
Бил и Мелинда Гејтс досега дале околу триесет милијарди долари на разни добротворни здруженија, а најголемата цел им е да ја уништат маларијата. Секоја година даваат околу две милијарди долари за истражување на вакцина против маларија и програми за спречување на заразата.
Дури и по смртта планира да продолжи со исто темпо и вели дека на децата ќе им остави само десетина милиони долари. Целиот имот ќе го остави во добротворни цели.