Отворен реставрираниот гроб на Исус Христос

Сподели со своите пријатели

Гробот каде по традиција е погребан Исус Христос е откриен денеска на церемонија во Црквата на Светиот гроб во Ерусалим, по девет месеци реставрација.

Припадниците на христијанската вероисповед учествувале на церемонијата кај гробот чија мермерна конструкција повторно има оргинална окер боја, пренесуваат новинарите.

Тоа не е само подарок на Светата земја, тоа е подарок на целиот свет – истакнал православниот патријарх од Ерусалим, Теофил Трети обраќајки се на прситутните, меѓу кои и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Грчкиот тим за реставрација, составен од археолози и други експерти, успешно ги заврши работите на реставрација на едикулот – зборот е изведен од латинскиот „aedecule“ што значи „мала куќа“. Работите започнаа во мај минатата година.

На градилиштето во октомври, се слчило нешто несекојдневно, кога мермерната плоча која го покрива гробот била отстранета на три дена. Последен пат претходно луѓето дошле до срцето на најсветото место на христијанството во 1810 година, кога, по пожарот била направена реставрација.

За време на шеесетите и деведесетите години од минатиот век, биле изведени други обнови во разни делови на цркавата која се наоѓа во стариот дел од Ерусалим, кај најголемото светилиште на јудаизмот и исламот – Ѕидот на плачот и Ридот со храмови, меѓутоа, едикулата не била допрена.

За девет месеци и цена од 3,4 милиони евра практично се е демонтирано, исчистено и реставрирано, вклучувајќи ги и столбовите и укуполата над и во зградата. Прозорецот е отворден за да на оние кои доѓаат им биде дозволено за прв пат да го видат голиот камен на старата пештера.

 

Loading...

 

Отстранета е и грдата железна конструкција која британските власти ја направиле во 1947 година како потпора на ѕидовите. Очистен е чадот кој се насобрал на ѕдивите на камената фасада, бидејќи верниците на тоа место со децении палеле свеќи. Повеќе нема страв за стабилноста на стариот храм кој последен пат бил обновен пред 200 години.

Светскиот фонд за заштита на споменици, кој собрал четири милиони долари за обнова, соопштил дека интервенцијата била неопходна затоа што постоела опасност од колапс.

Работите биле финансирани од три водечки христијански вери во таа црква: грчко-православната, фрањевачката и ерменската, како и од јавние и приватни донации.