Температурите во пораст, кон крајот на неделата услови за дожд

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата ноќ како и утринава насекаде во земјава преовладува променливо облачно и претежно тивко време. Во крајниот јужен дел, односно во Претор има повремен слаб снег.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи променливо облачно и претежно тивко време ќе имаме во текот на целиот ден. По одделни котлини ќе има ниска облачност и слаба магла. Во текот на денот ќе има намалување на облачноста особено во северните делови на земјава.

Во Куманово и околината денес ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Максималната дневна температура ќе изнесува 3 степени, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти до -3.

Во наредните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно ќе преовладува променливо облачно со сончеви и со појава на магла по котлините и по речните долини. В четврток и в петок ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд. Температурата на воздухот ќе има тенденција на пораст.

Кон крајот на неделава ќе има значително затоплување а тоа се очекува да предизвика забрзано топење на снежната покривка.