Ракометарите на Куманово утре на домашен терен ќе го пречекаат составот на РК Прилеп во рамки на 12. коло од домашната Суперлига.
Прилеп влегува како фаворит во мечот, но кумановци се секогаш подготвени на изненадување, особено со победата против Бутел од последниот меч, кој им даде ветер во грб.
Од клубот ги повикуваат љубителите на ракомтетот за достоинствена поддршка од трибините.
– Да ја наполниме салата „Перо Наков“, во нашиот град и да направиме вистинска атмосфера за паметење и со громогласна поддршка да им дадеме крилја на нашите ракометари на чело со навивачката група Кумани и да дојдеме до нов триумф и нова победа, велат од МРК Куманово.
Мечот се игра утре од 18 часот во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“.
Никола Ивановски

