Двајца кумановци краделе од помошен објект на касарна

Сподели со своите пријатели

Две лица од куманово биле приведени вчеравечер под сомнение дека украле метални предмети од помошен објект на касарна.

– На 27.11.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода М.Н.(37) и Б.Н.(36), двајцата од село Романовце, кумановско, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден заедно со уште едно машко лице влегле во помошен објект во склоп на касарна во Куманово и одзеле повеќе метални предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  32 случаи на грип регистрирани во Куманово минатата недела