Кумановци со успех на A1 Game Fest: Прво место во Dota 2 и бронза во Counter-Strike 2

Сподели со своите пријатели

Гејминг тимовите на Gamebox остварија одличен успех на A1 Game Fest, еден од најголемите гејминг настани во Македонија, освојувајќи прво место во Dota 2 и трето место во Counter-Strike 2.

Тимот во Dota 2, предводен од кумановецот Дамјан Јордановски, познат под гејмерското име „Belief“, стигна до финалето и го освои првото место на турнирот.

 

 

Во составот на победничкиот тим настапија и Александар Ивановски „Zipzap“ од Скопје, Стефан Станојковски „Kralot Bulo“ од Скопје, Ристе Нелоски „H8“ од Охрид и Горазд Мамуровски „Gogo“ од Скопје.

 

 

Ова не е прв успех за тимот во Dota 2. На 8 ноември тие го освоија и првото место на турнирот Setec Arena, а членовите на составот настапуваат и за македонската репрезентација. На 15 декември ги очекува настап на светско првенство во Индонезија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маж пронајден починат во населбата Перо Чичо

 

 

Успех оствари и Gamebox тимот во Counter-Strike 2, кој во конкуренција на 32 екипи успеа да стигне до третото место на A1 Game Fest.

Тимот настапи во состав: Стефан „Yorde“ Јордановски, Миле „Grvn“ Гарванлиев, Марко „Randomretard“ Томовски, Дамјан „Damcoarso“ Арсовски и Илија „Naikon“ Здравески. Тројца од играчите – Стефан Јордановски, Марко Томовски и Дамјан Арсовски – се од Куманово, додека Миле Гарванлиев е од Струмица, а Илија Здравески од Прилеп.

 

 

Со освоеното прво и трето место, Gamebox тимовите го потврдија својот квалитет на големата македонска гејминг сцена, а успехот е уште едно признание за играчите кои се натпреваруваат на домашни и меѓународни турнири.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  32 случаи на грип регистрирани во Куманово минатата недела

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски