Маж пронајден починат во населбата Перо Чичо

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и осумгодишен кумановец вчера бил пронајден починат во населбата Перо Чичо, по што телото било предадено на обдукција.

– На 26.11.2026 во 11:42 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово е пронајден починат Н.Т.(78) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

– Извршен е увид, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  32 случаи на грип регистрирани во Куманово минатата недела