Семејството на настраданиот со остра реакција за ослободување на Алачки од вина

Сподели со своите пријатели

Синот на Киро Деловски, лице кое смртно настрада во сообраќајна незгода кога беше прегазен од пејачката Адријана Алачки, со писмена реакција до медиумите, го изрази семејното незадоволство по одлуката Алачки да биде ослободена од вина за несреќата.

Loading...

Згрозени сме од крајно непрофесионалниот однос на Основното јавно обвинителство (ОЈО), кое во јавноста објави вест за отфрлање на кривичната пријава против Андријана Алачки заради „немање“ вина во сообраќајната незгода на ул. Рузвелтова, при што со смртно настрада Киро Деловски, без претходно да го информира семејството на загинатиот.

Според семејството Деловски, конечниот збор ќе го даде Вишото јавно обвинителство.

– Вештачењата кои ги зема предвид Основното јавно обвинителство се во спротивност со вештачењето направено од вешто лице ангажирано од наша страна, при што зачудувачки е фактот што веројатно ниеден од наводите во ова вештачење не е земен предвид при донесување на решението. Станува збор за човечки живот и неразбирливо е со каква леснотија Основното јавно обвинителство, а првенствено Бирото за судски вештачења, утврдиле дека возачот на моторното возило нема вина во сообраќајната незгода која се случи во централно градско подрачје, на крстосница со двоен пешачки премин, каде неминовно е вниманието на возачот да биде упатено на пешачкиот премин, како и на пешаците кој во тој момент го минувале коловозот.

– Сепак, цениме дека Вишото јавно обвинителство ќе најде за сходно да го преиспита целиот овој случај, кој според нас е контрадикторен и притоа ќе утврди колкава е вината на секој од учесниците во сообраќајната незгода. Во интерес на „истрагата“, како семејство во изминатиот период не дававме никакви коментари на информациите кои беа пласирани во јавноста, надевајќи се дека самата истрага ќе биде водена професионално и непристрасно. Од досегашните резултати, уверени сме дека истрагата била се, само не непристрасна и објективна“, се вели во реакцијата.

Leave a Reply