Ким Џонг Ун нареди проширување на нуклеарниот арсенал

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун обиколка на објекти за производство на нуклеарен материјал и истражувачки објекти за развој на оружје, велејќи дека земјата треба да се фокусира на распоредување на тактичко нуклеарно оружје во различни оперативни области, објави денес KCNA.

Ким истакна дека производствените капацитети за нуклеарен материјал систематски се прошируваат и рече дека статусот на Северна Кореја како држава што поседува нуклеарно оружје е „апсолутно неповредлив“, и покрај меѓународните повици за денуклеаризација, објавува Ројтерс.

Северна Кореја го спроведе својот прв нуклеарен тест во 2006 година, а оттогаш продолжи да ги развива своите нуклеарни и балистички програми, и покрај меѓународните санкции и повиците за денуклеаризација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанската полиција разоткри мрежа за финансирање на Хамас: Уапсени две лица во Барселона (ВИДЕО)

Пјонгјанг тврди дека нуклеарното оружје е неопходно за одвраќање на потенцијални напади и зачувување на безбедноста на земјата.

Советот за безбедност на Обединетите нации воведе неколку пакети санкции против Северна Кореја поради нејзините нуклеарни тестови и развој на балистички ракети, додека САД, Јужна Кореја и Јапонија постојано предупредуваат за заканата што ја претставува нејзината воена програма.

Сепак, Северна Кореја ги отфрла барањата да се откаже од нуклеарното оружје и инсистира дека нејзиниот нуклеарен статус е неповратен.