Приведена кумановка на издржување затворска казна поради измама

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишна кумановка била приведена вчеравечер поради издржување на затворска казна за сторено кривично дело измама.

– На 24.11.2026 во 23:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода М.П.(39) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, таа била барана со судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Таа била спроведена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна втората фаза од реконструкцијата на улицата „425“ во Куманово (ФОТО)