Повеќе делови од Куманово и околината денеска и утре привремено ќе останат без напојување со електрична енергија поради најавени прекини.
Од 06:30 до 15:00 часот денеска без напојување ќе останат и улиците „Бранко Богдановски Гуцман“, „Теофон Економов“, „Бараждинска“, дел од населбата Трговски, улицата „Горно Милановачка“, како и дел од булеварот „Трета МУБ“.
Од 08:00 до 15:00 часот, денеска без струја ќе биде дел од селото Младо Нагоричане, поточно корисниците спроти млинот „Моша Мел“.
Од 08:15 до 15:30 во среда прекини ќе има на дел од булеварот „Трета МУБ“, поточно објектите спроти бензинската пумпа на „Лукоил“.
Поради реконструкција на нисконапонски вод денеска без струја во период од 09:15 до 14:00 часот ќе остане компанијата „Тушевски“ на улицата „11 Октомври“.
Утре, четврток, во период од 06:30 до 15:00 часот прекини во снабдувањето ќе има кај корисниците на дел од улиците „Иво Лола Рибар“, „Партизанска“, „Климент Охридски“, дел од плоштадот „Маршал Тито“, како и Стопанска банка.
Без струја во четврток од 09:00 до 12:40 ќе биде липковското село Отља.
Во петок пак, во период од 08:45 до 14:45 прекини ќе има и кај корисниците на дел од улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенции во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

