Кинеска компанија заинтересирана за инвестиции во Куманово, одржана средба со Димитриевски

Сподели со своите пријатели

Можностите за деловна соработка и реализација на идни инвестициски проекти во Куманово биле тема на работна средба на градоначалникот Максим Димитриевски со претставници на кинеската компанија „China Shandong International Economic & Technical Cooperation Group Ltd.“.

На средбата, на која присуствувале и секретарот и претседателката на Советот на Општина Куманово, посебен акцент бил ставен на индустриските зони „Новини“ и „Речица“, како и на инвестицискиот потенцијал што го нуди општината.

 

 

Разменети биле информации за условите за инвестирање, можностите што ги нудат индустриските зони и потенцијалната реализација на идни активности и вложувања од страна на кинеската компанија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца тинејџери уапсени за физички напад врз 23-годишен кумановец

Во кинеската делегација биле Гао Џичао, генерален директор на Секторот за маркетинг, Шао Сју, деловен менаџер во Секторот за маркетинг, Ма Тонгјуе, секретар во Канцеларијата за економски и трговски работи при Амбасадата на Народна Република Кина, како и Чен Јушан, директор на адвокатската канцеларија „Гемчен“ од Кина.

 

 

Од Општина Куманово посочуваат дека остануваат посветени на отворање нови можности за соработка со домашни и странски инвеститори, привлекување инвестиции, отворање работни места и поттикнување на локалниот економски развој.

Никола Ивановски