Марио Тушевски од Куманово годинава го освои првото место на големиот Clash Royale мега-драфт турнир организиран од А1, остварувајќи уште поголем успех во однос на минатогодишниот настап, кога заврши на третата позиција.
Турнирот се одржа во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, а во него учествуваа голем број играчи од целата земја, кои се натпреваруваа во мега-драфт формат, познат по тоа што бара стратегија, брза адаптација и добро проценување на потезите на противникот.

По минатогодишното освојување на бронзениот медал во конкуренција од 128 натпреварувачи, Тушевски овојпат успеа да направи чекор повеќе и да стигне до највисокото место на подиумот.
Со освоеното прво место, кумановецот потврди дека минатогодишниот успех не бил случаен, туку резултат на знаење, искуство и континуирана посветеност на играта.
Никола Ивановски

