Рјабков: Се разгледува посета на европски преговарачи во Москва

Сподели со своите пријатели

Москва ја разгледува можноста за посета на претставници на таканаречената европска тројка, односно европски преговарачи, на руската престолнина, изјави денес рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, нагласувајќи истовремено дека секоја опција за членство на Украина во НАТО, вклучително и „т.н. квазичленство“, е неприфатлива за Русија.

Рјабков рече дека за време на неговата посета на Кина, рускиот претседател ја споменал одлуката на Москва да покани претставници на европската тројка и дека нивната посета е еден од непосредните чекори што моментално се разгледуваат и подготвуваат, објави РИА Новости.

Зборувајќи за можните безбедносни гаранции за Украина, Рјабков ја отфрли можноста за наоѓање формула што би му овозможила на Киев статус сличен на членството во НАТО, одговарајќи на прашање за гаранции слични на член 5 од Северноатлантскиот договор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МОЌНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПОЛСКА! Руска крстосувачка ракета падна на територијата на земјата (ВИДЕО)

Специјалниот претставник на американскиот претседател, Џаред Кушнер, вчера во Берлин изјави дека можните безбедносни гаранции за Украина би биле слични на оние предвидени во член 5 од НАТО.