Ракометарите на Куманово утре го пречекуваат составот на РК Бутел во рамките на 11. коло од домашната ракометна Супер лига.
– Нашите ракометари повторно ќе истрчаат на теренот со јасна цел – да го дадат максимумот, да се борат за секоја топка и заедно, како еден тим, да стигнат до позитивен резултат. Нè очекува тежок и неизвесен натпревар, во кој секој напад, секоја одбрана и секој постигнат гол ќе имаат големо значење, велат од МРК Куманово од каде повикуваат на поголема поддршка од трибините.
Од досега одиграните 10 натпревари, Бутел има две, а Куманово една победа, и се наоѓаат на 9та, односно 10та позиција во табелата.
Утрешната средба се игра во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток од 18:30 часот.
Никола Ивановски

