Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, претежно во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од западен правец (над 70 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и натпросечни температури за овој период од годината.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 5 степени, а максималната дневна ќе достигне 18 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме исто така претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 15 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 13 степени целзиусови.

Променливо време ќе се задржи и во текот на претстојната работна недела, но со пад на дневните температури.
Никола Ивановски

