Под влијание на јужно воздушно струење во вечерните часови, во текот на ноќта и утре претпладне наместа ќе дува силен југозападен ветер кој повремено ќе надминува брзина над 80 километри на час.
Во текот на ноќта и утре претпладне ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат и над 15 l/m.
Денеска попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има ќе повремени врнежи од дожд, особено во крајните западни делови каде врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2).
Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.
Никола Ивановски

