Приведен 39-годишен кумановец, крадел од деловни објекти

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишник од Куманово бил приведен вчеравечер под сомнение дека викендов крадел предмети од деловни објекти.

– На 17.11.2026 во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.С.(39) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека изминатиот викенд на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово со употреба на сила влегол во деловни објекти и одземал предмети и пари.

– С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Превентивна кампања во Куманово за задолжителна зимска опрема во возилата (ФОТО)

Никола Ивановски