Превентивна кампања во Куманово за задолжителна зимска опрема во возилата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при СВР Куманово спроведе превентивна кампања по повод почетокот на зимската сезона, која започнува на 15 ноември и ќе трае до 15 март следната година.

Со почетокот на зимската сезона стапува во сила и законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата што учествуваат во сообраќајот.

 

 

Надлежните потсетуваат дека возачите треба да користат соодветни зимски пневматици и синџири за снег, доколку тоа го бараат условите на патот.

Во рамки на кампањата, возачите се советуваат редовно да го проверуваат нивото на антифриз, притисокот во пневматиците, моторното масло и акумулаторот, како и секогаш да имаат доволно течност за чистење на ветробранското стакло.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжува реконструкцијата на „Индустриска“, се градат и нови пешачки патеки (ФОТО)

 

 

Началничката на Отсекот за превенција, м-р Лиле Младеновска, упати апел до сите граѓани, возачи и останати учесници во сообраќајот, без разлика дали се движат низ градските улици или на меѓународните линии, доследно да ја почитуваат законската обврска.

 

 

Таа посочи дека е особено важно брзината на движење секогаш да се приспособува на условите на патот, особено при голомразица, намалена видливост, магла, како и врнежи од снег и дожд.

 

 

Целта на кампањата е подигнување на свеста кај возачите за важноста од навремена подготовка на возилата за зимските услови и придонес кон побезбеден сообраќај, со што ќе се спречат сообраќајни незгоди и загуба на човечки животи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 29-годишник во Куманово, возел без дозвола

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски