Турските власти презедоа опозициска телевизиај: Раководството е приведено (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Турските власти воведоа принудна управа врз опозициската телевизија „Созџу ТВ“, откако полицијата рано утрово ги претресе просториите на оваа медиумска куќа и приведе некои менаџери, објави телевизијата.

Присилната управа го опфаќа телевизискиот канал и неговата интернет платформа, но не и печатеното издание на весникот „Созџу“, како и поврзаните изданија на „Тавир“ и „Коркусуз“, објави „Ројтерс“.

Истакнатиот новинар на оваа медиумска компанија, Исмаил Сајмаз, објави на социјалната мрежа X дека претседателот на управниот одбор, Фунда Тунџер Сидали, е приведен.

Во исто време, Турскиот фонд за осигурување на штедни депозити (ТМСФ) назначи државен администратор кој ќе ја преземе контролата врз телевизијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тревога во Вашингтон: Иран наводно планира напад со валкана бомба врз американски функционери

Турските власти сè уште не дале официјална изјава во врска со овој случај.

 

 

Шестиот голем медиум под принудна администрација

Преземањето на „Создзу ТВ“ претставува уште еден случај во низата интервенции на турските власти во медиумскиот сектор.

Со овој потег, таа телевизија стана шестиот голем медиум врз кој беше воведена принудна администрација, по слични мерки во телевизиите „Халк ТВ“, „Флеш ТВ“, „Еко Турк“, „Хабертурк“ и „Теле1“.

Овој развој на настаните доаѓа во време на зголемен притисок врз турската опозиција, чии претставници се соочуваат со судски постапки, апсења и отстранување од јавни функции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Естонија има план во случај на руска окупација: Функционирањето на државата ќе продолжи од дигиталниот облак

Десетици избрани градоначалници и други функционери на опозицијата веќе се отпуштени, притворени или уапсени.

Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), Озгур Озел, оцени дека преземањето на телевизијата покажува дека владата нема толеранција ниту за најмала критика.

Претседателот на партијата, Иџи Мусават Дервишоглу, ја нарече одлуката удар врз демократијата и правото на граѓаните да бидат информирани.

 

 

Критики за ограничување на слободата на медиумите

Организациите за човекови права и западните земји постојано ги критикуваат турските власти за состојбата на човековите права и ограничувањата на слободата на медиумите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Лореал“ се спогоди со четири жени со рак: Ги користеле нивните производи, на чекање уште 13.000 тужби

Турската влада, од друга страна, ги отфрла обвинувањата за политичко влијание врз судството и нагласува дека судскиот систем е независен.