Продолжува реконструкцијата на „Индустриска“, се градат и нови пешачки патеки (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Продолжуваат градежните активности за целосна реконструкција на улицата „Индустриска“ во Куманово, каде во моментов се работи на отстранување на стариот асфалтен слој и изградба на пешачка патека.

За текот на работите информираше градоначалникот Максим Димитриевски, кој посочи дека активностите продолжуваат на терен.

 

 

Реконструкцијата на оваа улица е еден од позначајните инфраструктурни проекти во Куманово.

Станува збор за една од најголемите и најшироките сообраќајници во општината, која има значајна улога во поврзувањето и функционирањето на индустрискиот дел од градот.

 

 

Проектот предвидува целосна обнова на коловозната површина, изградба на нови тротоари, поставување бетонски рабници, нов тампонски слој и асфалтирање во повеќе слоеви. Предвидено е и решавање на одведувањето на атмосферските води преку нов систем за одводнување и поставување сливници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 29-годишник во Куманово, возел без дозвола

 

 

За реализација на реконструкцијата е склучен договор во вредност од околу 75,8 милиони денари со вклучен ДДВ.

 

 

Со завршувањето на проектот се очекува значително подобрување на условите за движење на возилата и пешаците, поголема безбедност во сообраќајот и подобра инфраструктурна поврзаност на индустрискиот дел од Куманово.

 

Никола Ивановски