Неделна прогноза за Куманово: Променливо, со натпросечни температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од кумановско денеска и утре без струја

Утринската температура ќе се движи околу шестиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне 13 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу седмиот степен, а максимумот во текот на денот ќе достигне 15 степени целзиусови. Во вечерните часови се можни услови за врнежи од дожд.

Среда исто така носи претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југ. Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, а максимумот ќе се искачи до 17 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од кумановско денеска и утре без струја

Претежно облачно време, со услови за кратки сончеви периоди, ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 9 до максимални 17 степени целзиусови. Во вечерните часови се можни услови за врнежи од дожд.

 

 

Петок носи претежно облачно време со услови за дожд, но и за кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу петтиот степен, а максимумот ќе достигне 18 степени целзиусови.

И во сабота ќе имаме слично време, променливо со услови за дожд и сонце и слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 4 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 15 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од кумановско денеска и утре без струја

Во недела ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални два до максимални 11 степени целзиусови.

 

 

Слично време, со нешто пониски дневни температури, ќе имаме и во следната работна недела.

Никола Ивановски