Времето денеска низ Куманово ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд.
Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови и за дожд и за сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југозападен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 50 километри на час.
Утринската температура ќе се движи околу пет степени, а максималната дневна ќе достигне 22 степени целзиусови.
Од страна на УХМР за региониот на Куманово за денеска е издаден жолт метео аларм за силен ветер.

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час.
Температурата во утринските часови ќе се спушти до еден степен над нулата, а максимумот во текот на денот ќе достигне 8 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 12 степени целзиусови.

Променливо време, но со релативно високи температури за овој период од годината ќе имаме и во текот на претстојната работна недела.
Никола Ивановски

