Неколку локации во Куманово денеска и утре привремено ќе останат без електрична енергија поради најавени прекини.
Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 08:30 до 13:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат улиците „Бајрам Шабани“, „Косовски бригади“, „Франц Розман“, „Максим Горки“ и „Славиша Вајнер“.
Од 08:30 до 15:00 часот без струја денеска ќе бидат и корисниците од улиците „150“, „151“, „149“, „148“, „146“, „145“, „143“, „100“ и „157“ во населбата Карпош.
Во текот на утрешниот ден во период од 08:45 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“.
Без струја утре од 09:00 до 15:00 часот ќе останат и корисниците од селото Умин Дол.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

