Кумановец натепан од вработен на бензинска пумпа во Скопје

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишен кумановец вчера пријавил дека бил физички нападнат од вработен на бензинска пумпа во Скопје.

– На 09.11.2026 во 08:05 часот во СВР Скопје, С.Ј.(22) од Куманово пријави дека на бензинска пумпа на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од З.Н.(61) од Скопје, вработен во бензинската пумпа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово загуби од ТФТ во последните секунди (ФОТО)