Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп ја номинираше Кристи Меккормик за нов амбасадор во Македонија, објави Белата куќа.
Кристи Меккормик, како што објавија македонските медиуми, не е дипломат од кариера, туку адвокат и експерт за изборно право, која беше членка на Федералната комисија за изборна помош повеќе од една деценија, а во текот на својата кариера работеше и во амбасадата на САД во Ирак.
Номинацијата беше објавена на 9 ноември, а доколку Сенатот ја потврди, Кристи Меккормик ќе ја преземе функцијата амбасадор на САД во Македонија.

