Водечките американски бизнис лидери, вклучувајќи го и извршниот директор на Тесла, Илон Маск, ќе се придружат на делегацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на нивниот пат кон Кина за самитот на АПЕК следната недела, објави денес „Саут Чајна Морнинг Пост“.
Како што е наведено, присуството на директорот на технолошката компанија „Нвидија“, Јенсен Хуанг, е неизвесно поради наводите дека неодамна бил цел на странска разузнавачка операција.
Во неделата, Трамп рече дека би сакал Хуанг да оди со него во Кина.
Учеството на Хуанг во патувањето беше од особено значење за „Нвидија“, која се бори да добие регулаторни одобренија за продажба на своите чипови за вештачка интелигенција H200 во Кина.
Одборот на „Нвидија“ во неделата започна истрага за тоа дали Хуанг бил цел на странски разузнавачки служби откако во извештајот се вели дека имал близок однос со Кинезинка која му пренесувала информации на Пекинг.
Иако Хуанг е еден од најблиските сојузници на Трамп во Силиконската долина, неодамнешната контроверзност го затегна нивниот однос.
Директорите на неколку американски компании го придружуваа Трамп на неговото патување во Кина во мај оваа година.
Самитот на АПЕК е закажан за 18 и 19 ноември во јужнокинескиот технолошки центар Шенжен, објави Танјуг.

